Црногорската полиција поради безбедносни причини не дозволи утре да се одржи протест на опозицскиот Демократски фронт (ДФ) пред Парламентот во Подгорица.
ДФ бараше од полицијата дозвола за мирен собир од 17 до 23 часот, но полицијата го забрани протестот.
– Собирот не може да се одржи на местото и во времето во кое е закажан, бидејќи не се исполнети законски услови, се наведува во полициската одлука.
Полицијата проценува дека постои безбедносен ризик и оти може да се случат инциденти на собирот, што е најавен кога и прославата по повод една деценија од независноста на Црна Гора.
ДФ посочи дека Владата првпат забранува собир на политичка партија и оти се работи за политички прогон.
ДФ нов протест закажа на 26 мај, кога ќе биде одржана првата седница на преодната Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.