| четврток, 6 декември 2018 |

Пресуди за дивеењето на 13 април

nasilni demonstraciiДвајца од насилниците кои на 13 април ја демолираа Народната канцеларија на Претседателот на РМ, Никола Аризанов и Филип Наковски, денеска ја признаа вината која им се става на товар – учество во толпа што ќе стори кривично дело. Осудени се на условни казни, и тоа: 6 месеци условна казна за Аризанов доколку во рок од две години не стори друго кривично дело и 12 месеци условна казна за Наковски доколку во рок од три години не стори друго кривично дело. Поради условните казни, обвинетите беа пуштени од куќен притвор.

Апелациониот суд, пак, ја одби жалбата на скопското Јавно обвинителство, со што приведените демонстранти, Здравко Савевски и Владимир Куновски, остануваат во куќен притвор и нема да им биде изречен затворски притвор, како што бараше Обвинителството. Судењето за нив е одложено за 31 мај.

Вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април, според вештиот наод и мислење кој го изработил Бирото за судски вештачења, изнесува 522 илјади денари.

Според Државното правобранителство за демолирање на Народната канцеларија, вкупното отштетно побарување изнесува 522 илјади денари или 8 500 евра, од кои 232 илјади денари се однесува на причинетата штета на вкупната вредност на предметите според нивната вредност во моментот кога е направена штетата и која е потребна за Канцеларијата да се доведе во првобитната состојба и 289 илјади денари проценета штета на вкупната вредност на оштетените и исчезнати предмети.

Оваа штета обвинетите демонстранти од сите предмети солидарно ќе треба да ја надоместат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top