Откако на „јутјуб“ се прошири видео од концерт на украинската победничка на овогодишната „Евровизија“ Џамала на која таа една година пред натпреварот ја изведува победничката евровизиска песна, се огласи и Европската радиодифизна унија (ЕБУ).
– Правилото на Евровизија кое гласи дека пријавените песни не смеат да бидат комерцијално објавени пред 1 септември преходната година, е со цел на Изборот да учествуваат нови песни секоја година и сите да имаат еднакви услови, наведува ЕБУ во соопштението.
И во минатото некои песни беа јавно достапни пред посочениот датум, но не беа достапни на пошироката публика со што им беше дозволено учество на Евровизија.
Случајот со Џамала и песната „1944“ го привлече вниманието на ЕБУ поради снимка од настап на 18 мај 2015 година. Снимката на малиот концерт била прегледана само неколку стотина пати до моментот кога е откриена пред неколку дена.
ЕБУ затоа водејќи се од предходните искуства, одлучи дека објавеното видео не и дало предност на Џамала и дека песната според правилата може да се натпреварува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.