| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски – Хајндл: Парламентот е местото за спротиставување на ставовите

Личниот претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл денеска оствари средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

jh vl

На средбата, како што информираат од кабинетот на Вељаноски соговорниците размениле мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата. Соговорниците се согласиле дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните.

– Беше нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции, стои во соопштението.

Двајцата соговорници биле согласни дека парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската Унија и Нато Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top