Министерството за имиграција и гранична заштита издаде нова листа на професии кои се потребни за 2016-2017 година а за кои може да се пријави.
Листата стапува на сила од први јули 2016 година и се однесува на оние кои аплицираат за виза.
Во таа група спаѓаат работничките визи, постојаните визи за престој за стручните рабоници, привремени визи во траење од четири години во кои работниците работеле на одредени подрачја и потоа може а аплицираат за постојана виза, привремена виза за сите дипломирани.
Се бараат менаџери на проекти, индустриски инженер, инженер по агрокултура, биомедицински инженер, наутички архитект, ветеринар, наставник, киропрактичар, педијатар, невролог, ревматолог, физијатар хирург, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари, социјални работници…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.