| четврток, 6 декември 2018 |

Пет производи кои не смеете да ги чувате во купатило

Топлината и влагата во купатилото се идеални за развивање на вируси и бактерии.

Кои пет производи никогаш не смеете да ги чувате во купатило?

Лекови

Големите варијации во температурата и влагата кои се неизбежи поради туширањето може да ја нарушат стабилноста на лековите и да ги направат помалку ефективни и да им се скрати рокот на траење. И тука спаѓа се – од ибупрофен до апчиња за контрацепција. Лековите се чуваат на суво и студено место.

Шминки и четки за шминки

И на овие прозиводи топлината може да им го скрати рокот на траење. Плус, четките за шминки и така се склони кон собирање бактерии, па за да го спречите тоа, перете ги редовно.

Парфем

Уште од првото отворање, парфемот испарува поради оксидацијата. Влажноста и топлината ќе го забрзаат тој процес.

Жилети

Долгите периоди на влага и пареа во воздухот може да ги отупат жилтетите и да го забрзаат процесот на оксидација и на ’рѓа на металот. Чувајте ги што подалеку од влагата и по користењето исушете ги со пешкир или фен.

Електорника

Влагата што оштетува радиото, мобилните телефони, дури и полначите за телефон. Освен ако електронскиот уред не е посебно направен за користење во купатило, како на пример електричната четка за заби, местото не им е во купатило.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top