Здравствената состојба на поранешниот македонски владика Јован, инаку роден како Зоран Вранишковски, е сериозно нарушена и тој треба под итно да биде опериран – тврди српската „филијала“ на СПЦ во земјава, ПОА. Во писмената реакција на ПОА е нагласено дека на затворениот Вранишковск му треба лекарска нега која македонските власти под влијание на МПЦ не му ја дозволувале.
-Утврдено е дека тој има потреба од лекарска интервенција. Тоа го утврди и лекар специјалист. Мислењето на лекарот специјалист е одобрено од судот, но истражниот затвор каде што архиепископот Јован е во притвор, и каде 23 часа е во келија, веќе цел месец не му ја овозможуваат основната здравствена заштита- велат од ПОА.
Вранишковски е обвинет за проневера за 250.000 евра, пари кои наводно ги украл од МПЦ. Осуден е на казна затвор од 2,5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.