Бразилската суперѕвезда Нејмар идната недела ќе го продолжи договорот со Барселона, соопштија утринава каталонските медиуми.
Во договорот стои дека Нејмар ќе остане на „Камп ноу“ до 2022 година, а откупната клаузула е зголемена на 220 милиони евра. Иако весникот не објавува колкава ќе биде платата на Бразилецот во иднина, се шпекулира дека тој ќе стане втор најплатен играч во тимот, веднаш зад Лионел Меси. Двете страни преговараат повеќе од половина година, а во меѓувреме интерес за Нејмар покажаа неколку врвни европски клубови како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ.
За да се официјализира целата работа, ќе се почека до крајот на сезоната, односно Барселона да го одигра финалниот натпревар од Купот на Шпанија против Севилја. Тој меч е закажан за в недела, а договорот најверојатно ќе биде потпишан в понеделник или вторник, по што Нејмар ќе замине на одмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.