Откако вчера околу 10.00 часот на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје, во стан сопственост на Пензионерскиот дом од Аеродром, а во кој живеел С.К. (63), соседите почувствувале чад во ходникот и во влезот, се упатиле кон станот. Пред вратата го затекле С.К. легнат на подот со повреда на левата рака, а од станот излегувал чад и во делот на креветот имало пламен.
Од екипа од итната медицинска помош С.К. бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а поради сериозноста на повредата бил задржан на понатамошно лекување. Од екипа на БППЗ-Скопје пожарот бил локализиран.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст