| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството бара ефективен притвор за членовите на Левица, судењето одложено

Скопското јавно обвинителство бара домашниот притвор да се замени со ефективен притвор за двајцата членови на Левица, Здравко Савевски и Владимир Куновски, учесници во протестите против одлуката за аболиција

sudenje levica savevski

Обвинителството поднело жалба на решението на Судот да не определи ефективен, туку домашен притвор, и сега предметот се наоѓа во Апелацискиот суд, кој решава по жалбата на Обвинителството.

Предметот се наоѓа во апелација поради жалбата на решението на судијата поединец да не определи ефективен притвор туку домашен притвор по приемот на обвинителните предлог. Обвинителството го има обжалено тоа решение и сега предметот се наоѓа во Апелација, вели адвокатот на двајцата демонстранти, вели Сашо Дуковски.

Апелацискиот суд има можност да ја одбие жалбата и да го потврди првостепеното решение, да го преиначи решението во еден или друг правец и да го укине решението и да го врати на повтoрно одлучување. Дуковски вели дека таа одлука се очекува да биде брзо донесена.
Ова беше една од причините поради кои се одложи денешното судско рочиште за овој случај, а демонстрантите се во притвор речиси еден месец.
Јавното правобранителство ја сменило правобранителката во овој случај и новата правобранителка го немаше вештачењето кое е веќе изготвено за да им го достави и на судот и на Обвинителството и на одбраната.

zdravko savevski levica

Треба да се размислува дали има еднаквост на оружјата и положбата на странките во постапката. Во неколку други постапки вештачењето за истиот предмет, истиот настан е веќе доставено, ние немаме доставено вештачење со образложение на Јавниот правбранител дека друг го водел предметот и ќе направеле напори да го обезбедат вештачењето за на следното рочиште. Никој не го засега тоа што луѓето се во притвор, изјави Дуковски.

Савевски и Куновски се товарат дека учествуваат во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот на протестите на 13 април против одлуката за аболиција.

kancelarija-ivanov-2
Едниот демонстрант е осуден на условна казна, а судењето за другите двајца демонстранти треба да продолжи утре. Иако Кабинетот на претседателот процени дека при демолирањето била направена штета од 880.000 денари или 15.000 евра, Бирото за судско вештачење изготви вештачење и утврди дека штета е речиси за половина помалку или 520.000 денари, односно 9.000 евра.
Со дополнителното  вештачење на Правобранителството треба да се утврди колку треба да плати секој демонстрант поединечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top