Девет лица, меѓу кои и еден малолетник, посериозно се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 20.40 часот, на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, а девојчето родено 2009 година кое се здобило со тешки телесни повреди, по укажаната помош во кумановската болница е префрелно во Ургенетен центар во Скопје и е надвор од животна опасност.
Како што појаснуваат од СВР Куманово, во сообраќајката се судриле автомобил „шкода“ и „сеат ибица“ со кумановски регистарски таблички.„Шкодата“ ја управувала 20-годишната М.Л. која се движела од центарот кон периферијата, а со „сеат ибица“ управувал Н.Р (1998) кој се движел во спротивна насока. Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“, а „шкодата“ се движела право, дошло до судир на двата автомобили. „Шкодата“ продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“, сопственост на 39-годишната Е.В и во двајца малолетни пешаци родени 2009 и 2011 кои се движеле на тротоарот. СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.