Желбата на Доналд Трамп директно да комуницира со Ким Јонг Ун е целосно спротивна на политиката на актуелниот претседател на САД, Барак Обама. Доналд Трамп кој веројатно ќе биде кандидат за претседател на САД на Републиканската партија, вели дека би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер за да разговараат за нуклеарната програма.
-Би разговарал со него, јас немам проблем околу тоа да поразговарам со него, изјави Доналд Трамп за Ким Јонг Ун.
Таквиот состанок би бил прилично голем пресврт во американската политика кон изолираниот режим на Северна Кореја. Неговата желба директно да комуницира со Ким е целосно спротивна од онаа на актуелниот претседател Барак Обама кој на разговори испраќа „пониски“ дипломати.

Набрзо се огласи кандидатката за номинација кај Демократите – Хилари Клинтон која вели дека „Доналд Трамп има бизарна фасцинација кон странските моќници“. Во нејзиното соопштение се вели дека надворешната политика на Доналд Трамп апсолутно нема никаква смисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.