| четврток, 6 декември 2018 |

Глувци и стаорци спијат со српските полицајци

srpska zandermerijaГлувци, нечистотија, нехумани услови – вака живее српската полиција. Од Единствениот Синдикат на Полицијата (ЈСП) на Србија вчера упатиле допис до Ивица Дачиќ и до директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, со цел, како што велат, заштита на здравјето и животот на припадниците на жандармеријата сместени во центарот на Белград. Тие до медиумите доставија и фотографии на кои се гледаат лошите услови во кои живејат.

srpska zandermerijaa

-Објектот на улицата Кнез Милош  101., со одлука на надлежната инспекција, треба да се руши. Тој не дава ни минимум услови за сместување нба луѓе. Покрај опасноста од рушење и згрозување на припадниците на полицијата, тоалетите се запиштени, а по собите шетаат големи стаорци и глувци – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top