Употребата на хемиско оружје од страна на сириската Влада ги менува правилата на игра – смета претседателот на САД Барак Обама. Според него проценките на разузнавачите докажуваат дека во Сирија е употребено хемиско оружје, но оти се уште има првични докази.
– Иако употребата на минофрлачи врз цивили и неразборитото убивање на луѓе е прилично ужасно, употребата на потенцијално оружје за масовно уништување врз цивилно население ја преминува новата граница на меѓународните норми и право, истакна Обама.
Тој посочи дека тоа ги менува правилата на игра, ветувајќи исцрпната истрага и консултации со партнерите во регионот, со меѓународната заедница и со ОН за употребата на хемиско оржје во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


