| четврток, 6 декември 2018 |

Излези со мене или фотографиите ќе ги објавам на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот Љ.О. од тетовското село Шипковица, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Facebook_3474124a
-Тој се сомничи дека креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, на кој прибирал, обработувал и користел лични податоци и фотографии за друго женско лице од Тетово, без нејзина согласност, информираат од СВР Тетово.

Покрај тоа, Љ.О. го уценувал женското лице дека, ако не излезе со него, ќе ги објави материјалите, со што ги нарушил и нејзиниот чест и углед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top