Додека редовните корисници на Фејсбук можат без проблем да објавуваат смешни фотографии од мачки, сопствениците на деловни профили, кои поседуваат и страници, веќе два дена имаат фрустрирачки проблеми и не можат да ги објавуваат своите вести.
За службените корисници, особено оние кои се занимаваат со информативната дејност, како што се медиумите, Фејсбук е еден од најважните медиуми за споделување. На пример, само Базфид и Хафингтон пост, месечно достигнуваат милиони споделувања, додека на матичните страници достигнуваат незначителен дел од тоа.
Затоа веста дека објавувачите, вклучувајќи не и нас, имаат проблем со споделувањето на вестите на своите официјални страници е навистина сериозен и голем проблем.
Секогаш кога треба да се објави вест, се појавува порака за грешка: „Има проблем да се ажурира вашиот статус. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути“, но неколку минути подоцна, истото се случува.
Правитните профили немаат проблем
Приватните корисници на Фејсбук немаат проблем при објавувањето статуси, фотографии или при споделувањето насворешни линкови. Тие и понатаму активно и радосно ги споделуваат своите ручеци, доручеци, миленици и паметни мисли.
Секако, сево ова предизвика контроверзии за социјалната мрежа и обвинувања за пристрасност против конзервативни ставови откако неколку поранешни вработени во Фејсбук рекоа дека им било наложено да манипулираат со вестите во Новисти.
Ситуацијата стана толку сериозена што основачпт Марк Цукерберг вети дека ќе ги задоволи конзервативните лидери да ги кажат нивните поплаки во врска со овие обвинувања за пристрасност.
Што се однесува до проблемот што се јави во последниве два дена, Фејсбук се уште ништо официјално не соопштува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.