Премиерот Никола Груевски во Буенос Аирес оствари средба со потпретседателот на Аргентинската Република, Амадо Буду.
На средбата беа констатирани пријателските односи помеѓу двете земји, и обостраниот интерес за нивно понатамошно продлабочување на секое поле од заеднички интерес и на билатерално и на мултилатерално ниво.
Соговорниците, како што соопшти владината прес служба, истакнаа дека политичките фактори од двете земји треба да влијаат на воспоставување конкретни економски односи со кои би се влијаело на интензивирање на економската соработка, трговската размена и соработката помеѓу компаниите.
Беше истакнато дека Република Македонија и Аргентинската Република остваруваат и успешна соработка на мултилатерално ниво врз основа на принципиелните определби на двете земји.
– Континуираните реформи, иницијативите за подобрување на економскиот стандард и надминување на предизвиците предизвикани од негативните светски економски влијанија, како и модернизацијата на општествените сфери се приоритети на дејствување на двете земји, стои во соопштението.

Дадена е силна политичка поддршка за формализирање и заокружување на договорната рамка која овозможува предуслови за овозможување на слободен проток на лица, капитал и добра.
Премиерот Груевски истакна дека Аргентина е пријателска земја која нуди добри перспективи за соработка и потенцираше дека нашата земја посветено ќе работи на унапредување на односите во секоја сфера. Тој афирмираше дека преку економската соработка може да се реализираат цели од интерес за сите граѓани. Ги претстави и поволност
Потпретседателот Буду ја поздрави нашата иницијатива за развој на меѓусебните односи чиј што резултат е посетата на владината делегација, истакнувајќи дека Аргентина целосно се согласува со поизразен активизам на овој план за што истакна и иден свој личен ангажман. Тој изјави дека доколку има потреба Република Македонија може да ги истакнува своите идеи за проекти, реформи, погледи и иницијативи во економијата и општествените дејности пред светските економски групации користејќи ја аргентинската логистика.
Соговорниците изразија подготвеност и за унапредување на парламентарната соработка преку специјализација на работни групи за развој на пријателските македонско-аргентински односи.
ите кои се овозможуваат за странските инвеститори кои би можеле да бидат искористени од страна на аргентинските мултинационални компании во ширење на своето производство на светските пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


