Во Босна и Херцеговина живеат највисоките луѓе на светот со просечна височина од 177,8 сантиметри. Зад нив се Холанѓаните кои имаат просечна височина од 177,2 сантиметри, а на трето место се Црногоците.
Овие податоци ги објави „Светски атлас“ кој пишува дека височината зависи од генетиката, но и начинот на живот и исхраната на жителите во одредено подрачје.
Листа на земјите во кои жителите се највисоки
- БиХ (177,8 см)
- Холандија (177,2 см)
- Црна Гора (177 см)
- Данска (177 см)
- Норвешка (175,3 см)
- Германија (174,5 см)
- Литванија (174,5 см)
- Србија (174 см)
- Шведска (174 см)
- Финска (174 см)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.