| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков ги договорил личните услови со Рајн Некар

manaskov

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и дефинитивно во иднина ќе го носи дресот на еден од најдобрите европски клубови, германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен.

Манасков денеска во Манхајм ги договори комплетните услови околу преселбата од Вардар во Некар Левен, по што за утре е најавено и официјално потпишување на договорот и промоцијата во новиот клуб. Како што дознаваме, Дејан Манасков се договори за едногодишна соработка со Германците, со можност за продолжување на истата на уште една година потоа.

Трансферот на еден од најдобрите наши ракометари во Некар Левен се реализира на препорака на голманот на нашата селекција Борко Ристовски, а е реализиран благодарение токму на менаџерот на Ристовски, Арнар Фреир Теодорсон. Од Рајн Некар Левен, јасно истакнале задоволство по настапите на Ристовски во клубот изминатава година, со што сега е отворен простор и за нов Македонец кој продолжува во еден од најдобрите ракометни колективи на Стариот континент.

Сепак Манасков од следната сезона нема да настапува со Борко Ристовски во Рајн Некар бидејќи репрезентативниот голман од порано е познато дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона заедно со Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top