| четврток, 6 декември 2018 |

И мажите имаат биолошки часовник

Во медицинските студии, но и во обичните разговори најчесто се споменува биолошкиот часовник на жените. Сега и мажите се предупредени дека ако сакаат да станат татковци, треба да формираат семејство до 40. година за да го намалат ризикот нивните деца да заболат од Даунов синдром, аутизам или ментални болести.

Во студијата било анализирано влијанието на годините на таткото и начинот на живот на здравјето на детето. Меѓу другото се наведува дека мажите од 40 и повеќе години имаат шест пати повеќе шанси да имаат аутистични деца отколку мажите помлади од 30 години. Се смета дека спермата со годините станува се пооштетена.

Загрижувачки е што некои ефекти се пренесуваат и на други генерации, па од овие болести можат да заболат и внуци. Исто така, студијата покажала дека количината на алкохол која ја пијат мажите може да влијае на децата.

На бебето може да му биде детектирано фетален алкохолен спектар на пореметувања кој предизвикува проблеми со концентрацијата, хиперактивноста и слабата координација и во случаите кога мајката не пиела. Конзумирање на алкохолот е поврзано со помал мозок на бебињата и со пониска интелигенциија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top