| четврток, 6 декември 2018 |

Коко не се грижи за критиките – за едни скандалозна, за други само мама

Коко Остин не може без скандали. Прво ги предизвикуваше со својот провокативен изглед, а кога пред шест месеци стана мајка, продолжи со серија скандалозни испади. Ги приредува со објавување фотографии на кои е со ќерката Шанел Никол.

koko

-Беше тоа прекрасно патување, времето поминато со семејството е непроценливо – гласи пораката која Коко ја напишала под фотографијата.

Зборовите се убави. Она што е спорно е нејзиниот провокативен изглед, од кој не се откажува и кога е во друштво со наследничката.

koko2

Многумина и забележуваат што ќерката од мали нозе ја претвара во интерент сензација. Коко не се грижи за критиките.

Оние кои ја поддржуват барем на овие фотографии гледаат среќна мајка.

koko3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top