Иако минаа низ економска криза, жителите на Исланд се меѓу најсреќните луѓе.
Граѓаните на оваа северна островска земја, се сметаат себе си за среќни и задоволни и не им пречи, ниту студеното време, ниту невработеноста и недовербата кон институциите.
Според направени истражувања, економската криза имала мал ефект на Исланѓаните.
Во 2008 година индексот на среќата не паднал, а подоцна граѓаните изјавиле дека се дури и посреќни.
Според ББЦ, тајната е во тоа што овие граѓани се прилагодливи и заедницата им функционира како некое колективно претпријатије.
Во населените места владее атмосфера на блискост, и луѓето си помагаат.
Индексот на среќа кај населението варира најмногу на Блискиот Исток и во Јужна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.