| четврток, 6 декември 2018 |

За жал: Само 0,45 отсто од животот трошиме на секс

Едно ново американско истражување открива дека просечна личност троши помалку од еден отсто од неговиот живот, поточно 0,45 отсто, на секс.

Тоа се, „мизерни“ 117 денови во просечниот човеков живот.

За потребите на истражувањето, испитани се дури 9.000 луѓе од девет земји за да се дознае што просечна личност работи во своите 25.915 денови живот, односо за време на животен век од 71 година.

Истражувачите дошле до заклучок, дека повеќе време луѓето трошат на вежбање отколку на секс. Имено, во просек се трошат 180 дена на вежбање.

Анализата покажала и дека дури 30 отсто од живот просечниот човек го минува седејќи во канцеларија или дома на кауч, а 41 отсто „дружејќи“ се со модерната технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top