Каков дедо таков внук.
Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда, се пофали со внукот на Инстаграм. Шабан Шаулиќ има три деца, Санела, Илда и Михајло, а неговите внучиња слабо се појавуваат во јавноста.
Меѓутоа, Илда Шаулиќ, која е во блажена состојба, се пофали со својот внук Лука Аџиќ на Инстаграм, а голем број млади дами прашуваа кое е згодното момче на фотографијата.
Лука е синот на најстарата ќерка на Шабан Санела и нејзиниот прв сопруг Иван Аџиќ, додека Санела од вториот брак ја има и ќерката Уна.
Лука е перспективен фудбалер кој игра во Црвена звезда, а целото семејство се гордее со неговите досегашни успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.