Најголемиот шаховски мајстор на сите времиња, Гари Каспаров, тврди дека Владимир Путин, Доналд Трамп и европската десница имаат заедничка цел која претставува слабеење на моќта на Европската унија.
Во најновата колумна за британски Гардијан Каспаров предупредува дека излезот на Обединетото Кралство од ЕУ, Брегзит, не е само пуста желба на официјален Кремљ, туку и нешто што активно го поддржува. Руските медиуми кои се наоѓаат под контрола на Путин, Русија денес и Спутник, преполни се со текстови за Брегзит и пофалби за Доналд Трамп.
„Раздели, па владеј не е ништо ново, но не значи дека е ефектно“, пишува Каспаров.
„Во текот на 16-те години владеење Путин заврши добра работа во избирањето на најславите, најпонизните припадници на крдото европски водачи, кои потоа би ги користел како клин против обединета Европа. Го имаше Солвио Берлускони, кој се фалеше дека е личен адвокат на Путин. Го имаше Герхард Шредер, и се уште го има како претседател на гасовото Северен тек, кој ја спојува Русија со Германија, а Шредер го одобри уште додека беше канцелар.“
„Путин секогаш ги поддржува најголемите сепаратисти во европската политика и се надева дека ќе му вратат услуга со тоа што ќе гласаат за укинување на санкциите на ЕУ против Русија“.
„Европските антиинигрантски партии, квазифашисти и нетолкуквазифашисти отворено го обожуваат човекот кој анектира европска територија и продолжува со воен напад на Украина, држава која сака да ја казни затоа што го гледеше европскиот сон“, тврди Каспаров.
Тој предупредува дека Брегзит би ги зајакнал силите кои сакаат поделба и дека тоа би било голем удар на човековите рпава и демократијата.
„Немам големи симпатии кон бирократиајта во Брисел. Никој кој израснал во тоталитарна држава никогаш не видел проблем и не помислил дека за решение е потребна уште една гарнитура политичари и бирократи. Сепак, во овој случај, лекото се покаѓа подобар од болеста. Со сите свои недостатоци, ЕУ е значително подобра од ерата која ѝ претходеше.“, пишува Каспаров и предупредува дека сите би требало да бидат загрижени кога ќе видат кој најмногу посакува да се врати ерата пред ЕУ.
„Ако трагате по најдобриот потег, погледнете што сака Путин, а потоа направете го споритвното. На пример, тој очајнички сака Трамп да стане новиот претседател на САД“, вели Гари, а на крајот на колумната го цитира Винстон Черчил: „Не можеме да сопреме. Нема одморалиште на оваа точка. Дојдовме до место на нашето патување на кое нема запирање. Мораме да продолжиме. Мора да биде светска анархија или светски ред“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.