| четврток, 6 декември 2018 |

Целиот свет го слави полнолетството на Анастасија, од Цеца малата

ceca_insta_17052016

Ако вчера и денеска сте на Фејсбук, сигурно сте забележале дека барем еден ваш пријател потврдил присуство на настанот „Купување подарок за полнолетството на Анастасија“ или ако веќе не може да оди, сигурно лајкувал некој од урнебесните коментари на таа тема.

anastasija_screen_170520161

Настанот на кој потврдиле дека ќе присуствуваат дури 136 илјади луѓе од регионов, а уште 50.000 се заинтересирани, стана ултимативен хит во Србија, но и на целиот Балкан.

„Би ги замолил сите луѓе со добра волја да учествуваат во акцијата, зашто Анастасија е највредното што го имаат Србите и Србија“, порачува организаторот на настанот.

anastasija_face

Сигурно ви е јасно која е Анастасија, но можеби не знаете зошто е толку важно нејзиното полнолетство. Во кратки црти, еве вака:

  • Анастасија Ражнатовиќ е ќерка на турбо-фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца и на нејзиниот покоен сопруг, командант на Српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
  • Анастасија е многу активна на социјалните мрежи, а по нејзините фотографии никогаш нема да си речете дека девојчето има само 17 години.
  • Со оглед на тоа што српските медиуми со денови се полни со вести за разни чудесии кои мама Цеца ѝ ги подготвува за прославата на полнолетството на 25 мај, некој се одлучил да направи настан каков што доликува од тоа, па сите слаткод а се насмееме, а бога ми и да помогнеме младата наследничка да има роденден каков што заслужува.

anstasija_face1

Идеите за подарок се движат од урнебесни до црнохуморни, а меѓу подароците има „преден браник од југо“, чорапи на баклави, црвен трактор да ѝ одговара на фустанот, половен фрижидер со екран на допир и четири летни гуми на фелни со 6 мм шара.

13256480_217119882008304_1811871730210495053_n

Најчесто се спомнува дека гостинот-изненадување ќе биде нејзиниот татко, но на списокот се и Северина и Колинда Грабар Китаровиќ.

13237741_993768034026306_165580875990295935_n

Издвојуваме некои од коментарите:

„Ќе биде ли проблем ако ти го донесам подарокот следниот ден, зашто моите дури на први земаат плата?“

„Немам пари за подарок, Вуќиќ се украде, затоа решив себе да ти се подарам тебе, драга Анастасија“

„Премиерот на Кипар го прогласи 25 мај за неработен ден“

„Би купил еден магнет за фрижидер во форма на Република Српска, зашто веќе има фрижидер што стариот нејзин го зема од кај мене дома“.

anastasija

Во анкетата „Колку долго трае овој празник“ понудени се одговорите: 1. Додека Аркан не оживее, 2. Додека на Додик не му запре гласот, 3. Додека Вучиќ не ги врати платите и пензиите и 4. Додека Србија не влезе во ЕУ. Анкетата е во тек, па не знаеме кои се резултатите.

Секако, пораки пристигнуваат  и од славните од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top