По извршена анализа на 5 милиони ливчиња утврдено е дека луѓето најчесто играат комбинации од датуми на раѓање и годишнини, што е апсолутно погрешно.
Со играње на среќни лото комбинации кои се состојат од родендени и годишнини гарантирано ќе ви се намали добивката на лотарија. Имесно, според истрашувањето кое го објавија научници од универзитетите во Ротердам и Амстердам и од Економскиот факултет во Нотингем, потврдено е дека најголем број луѓе кои редовно играат лото ги избираат токму тие комбинации.
Анализа на ливчињата
Истражувањето “Number Preferences in Lotteries”, објавено неодамна, покажува дека повеќето луѓе не бираат комбинации случајно, туку дека користат комбинации меморизирани во краткотрајното памтење.
„По анализа на уплатени ливчиња, од кои прегледавме повеќе од 5 милиони, утврдивме дека повеќето луѓе уплаќаат комбинација која се состои од броевите зачувани во краткорочната меморија, односно повеќето претпочитаат комбинација која вклучува годишнини, родендени и слично“, стои во истражувањето.
Слични комбинации
Статистички е еднакво веројатно дека лицето ќе освои добивка со комбинациија по случаен избор или со впишување на броевите од 1 до 12, но истражувањето покажува дека најголем број од луѓето ќе избере броеви кои одговараат на деновите во месецот и редоследот на месеците во годината, што ја зголемува шанската повеќе луѓе да имааат слични или исти комбинации, а со тоа се намалува вкупната добивка што може да ја освои еден добитник.
Лаички, повеќето комбинации се состојат со бореви од 1 до 12, односно од 1 до 31, а ретко кој ги бира броевите над 32. Истражувањето покажало дека најчесто се избира бројот 11, кој е забележан во 16,5 отсто од комбинациите, а најретко 27, во само 10,3 отсто комбинации.
Ова истражување се темели на броеви кои можат да се изберат во холандската лотарија, во која играчите мораат да изберат шест броеви меѓу 1 и 45 плус една од шест понудени бои, а шансите за освојување на нивниот џекпот или на барем еден дел се меѓу 1 и 49 милиони. Кога пополнуваат ливче, Холанѓаните најчесто ги пишуваат своите родендени и последните четири бројки од поштенскиот број.
Интересен податок е дека најчесто се користи комбинацијата од популарната американска серија “Lost”.
Повеќе од 3200 пати се одиграни броевите 4,8,15,16,23 и 42, што е комбинација од популарната серија.
Веродостојноста на истражувањето за Јутарњи ја коментираат стручњаци од Заводот за теорија на веројатност и математичка статистика на ПМФ во Загреб.
– Не постои теорија или комбинација која на лото би донела најголема добивка. Статистички, секој број, т.е. која било комбинација има големи шанси за победа. Повеќето луѓе избираат според некој примерок, а факт е дека тој е многу сличен кај сите. Дефинитивно е поголема шансата неколкумина да имаат иста комбинација и добивката да се подели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст