Германскиот синџир на супермаркети „Лидл“ ги предупреди потрошувачите на потенцијално смртоносна храна на нивните полици и моли таа храна да не се јаде.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, станува збор за производи што можат да предизвикаат ризик за здравјето на лица со алергија и нетолеранција на некои од состојките, бидејќи декларацијата не е напишана и на англиски јазик.
Се работи за баварско чадено сирење, еден вид нивни леб и млечна чоколада со лешници. Се наведува дека тие производи содржат пченица, јачмен, ’рж (глутен), млеко или лешник, јајца, а на етикетата не се посебно назначени на англиски.
Компанијата предупредува дека тоа овие производи ги прави потенцијално опасни за сите тие што се алергични на некои од овие состојки.
– Немојте да ги јадете овие производи, ако сте ги купиле, вратете ги, ќе ги добиете парите назад – соопшти компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


