| четврток, 6 декември 2018 |

Сите прсти вперени кон Урош: Синот на Зоран бил лудо вљубен во маќеата

uros marjanovic

Истрагата за убиството на Јелена Марјановиќ повеќе од еден месец никако да мрдне од мртвата точка, а мештаните на Борча тврдат дена најсомнителен им е синот на Зоран, Урош (17), кој „лудо ја сакал маќеата“. Бидејќи е малолетен, во полиција бил сослушан во присуство на дедо му Владимир, но не можел да одговори на многу прашања.

– Во неделата, на 3 април, ден по убиството, дојде синот на Зоран од првиот брак, кој дента беше на сослушување во полиција и видно вознемирен пред сите нас кои бевме собрани искоментира: „Абе, дедо ја зае*а работата“ не прецизирајќи за што станува збор.

Штом го рече тоа, тетка му го извлечка во друга соба.

Подоцна се врати, ама ни збор не изусти, открил близок на семејството.

Мештаните едногласно тврдат дека зад убиството стои целото семејство Марјановиќ, бидејќи се е прецизно изведено.

Синото на Зоран е малку чуден и речиси со никого не разговара. Додека беше жива Јелена, само со неа зборуваше. Пред другарите се фалеше дека има најубава маќеа, која пее како славеј и дека многу ја сака. Како да беше обземен со неа.

Иако нема докази за некој да биде уапсен, полицијата од првиот ден се сомнева во семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top