| четврток, 6 декември 2018 |

Сфатиле дека од мобинг ништо не бива: Боледување за детето, но и за кучето и мачето

Една банка во Нов Зеланд на своите вработени им овозможува платено боледување од дури неколку недели, доколку им се разболи домашното милениче. Оваа компанија има ваков начин на работа бидејќи е лојална кон своите вработени и има разбирање за нивните грижи.

milenici kuce

Платеното отсуство на вработените им овозможува да се грижат за своите миленици како за свои деца.

Секој може да побара флексибилност од работодавачот, без оглед на тоа која е причината, компанијата ќе има разбирање, бидејќи тоа е најдобриот начин на работа, изјавила Соња Бел, заменик-директор на банката.

Таа исто така тврди дека со овој начин на работа, кога работодавачот е добар со своите вработени, резултира со растење на компанијата и зголемување на профитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top