Полицијата објави дека ирската поп ѕвезда Шинед О’Конор е пронајдена жива и здрава во понеделникот, неколку часа откако е пријавено нејзиното исчезнување, пренесуваат агенциите.
Полицијата на Чикаго, во сојузната американска држава Илиноис, ја пронашла во понеделникот 49-годишната Шиенд О’Конор во хотел во предградие, објави чикашкиот телевизиски канал WGN-TV.
Полицијата не соопшти поединости околу здравјето на ирската пејачка, освен дека во моментот кога била пронајдена, таа била надвор од опасност.
Полицијата пристигнала во чикашкото предградие да провери што е со О’Конор, откако анонимно лице телефонски пријавило дека е загрижено поради нејзиното исчезнување. Мажот рекол дека пејачката исчезнала во шест часот утрото во неделата по локално време, кога тргнала со велосипед и не се вратила дома, по што полицијата објави потрага по неа.
Шинед О’Конор стана светски славна во раните 1990-те години благодарение на песната „Nothing Compares To You“, која неколку години претходно ја напишал неодамна починатата американска рок икона Принс. Песната четири седмици ги предводеше музичките листи во САД и стана планетарен хит.
Во едно неодамнешно интервју, таа призна дека страдала од депресија и размислувала за самоубиство. Во 1999 година, на својот роденден, таа се обидела да изврши самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст