Апликациите како што се WhatsApp и Facebook Messenger драстично ни ја олеснуваат секојдневната комуникација, но тоа некогаш претставува и проблем, доколку сакаме некого да игнорираме.
Кога ќе ни стигне порака, во нотификациите можеме да ја видиме и прочитаме или барем дел од неа без да се види озогласеното “seen”. Но неколку последователни пораки брзо ќе ве потрупаат и ќе немате прилика да ги прочитате „незабележано“.
За среќа, постои еден трик како некого успешно да го игнорирате но и да ги прочитате пораките во целост.
Потребно е да ја излажете апликацијата дека не сте ги виделе пораките. Како да го направите тоа? Уклучете го “Airplane mode” на вашиот мобилен телефон, со што ќе ја прекинете интернет конекцијата. Кога ќе го направите тоа можете слободно да ги погледнете пораките без тоа да го види оној кој ви ги испратил. Брзо, лесно и едноставно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.