Иако 2016-та го доби предзнакот најтопла година, невообичаено за овој период од годината, снег утринава падна и во делови од Црна Гора и Србија.
Снегот во северниот дел од Црна Гора го најавиле метеоролозите, а според податоците на заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата. Снег наврна и на повеќе места во западна Србија, како Ивањица, Пријепоље и Нова Варош. Поради снегот утрината без струја останале неколку планински села
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


