Марија Шарапова игра неверојатен тенис на Австралија опен, а вели дека посакува реприза на успехот од 2008 година кога за прв и единствен пат го освои турнирот. Второрангираната светска тенисерка се пласира во четвртфиналето со нова уверлива победа од 6-1, 6-0 над Кирстен Флипкенс. Во 4 меча што Шарапова ги одигра на ова издание на стартниот гренд слем во сезоната, загуби само 5 игри, што вкупно не се доволни ниту за еден сет.
Тоа е рекорд од најмалку загубени гејмови на било која тенисерка до четвртфиналето, откако во 1988 година се воведе актуелниот систем на натпревари со 128 учеснички на главниот турнир.
Со импресивните игри на терените на Мелбурн Парк, Марија потсетува на настапот од 2008 година кога на фуриозен начин без загубен сет ја освои титулата. Тогаш ги победи шампионките Девенпорт и Анен, олимписката првенка Дементиева, Костаниќ, Веснина и двете српски тенисерки Јанковиќ и Ивановиќ кои беа во врвот на светскиот тенис.
Следна на листата противничка до четвртото финале за Шарапова е сонародничката Екатерина Макарова. Таа со 2-0 во сетови ја елиминра Германката Анжелик Кербер. Во второто познато четвртфинале ќе играат Агнешка Радванска која ја победи Ана Ивановиќ, против Ли На која беше подобра од Јулија Гергес.
Во машка конкуренција Шпанците Давид Ферер и Николас Алмагро се првите четвртфиналисти, а Томаш Бердих го чекаше исходот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка кој е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


