
Три апсолутни државни рекорди соборија македонските пливачи на стартот на Европското првенство кое денеска стартуваше во Лондон, Англија.
Нашиот најдобар пливач Марко Блажевски пливаше со време од 1:03.57 на 100 метри – градно, соборувајќи го претходниот рекорд кој, исто така, беше во негова сопственост. Блажевски го собори рекордот и на 50 метри градно со време од 30:07 секунди.
Ана Марија Дамјановска постави нов македонски рекорд на 50 метри пеперутка, пливајќи со време од 29.53 секунди, соборувајќи го рекордот на Весна Стојановски, додека Љупчо Ангеловски го постигна своето најдобро време во дисциплината 50 метри – пеперутка.
На Европското првенство, кое се одржува до 22. мај, Македонија уште ја претставува и Андреј Стојаноски, кој утре ќе плива на 1.500 метри – слободно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


