Дату Боканал е единствениот индиски веслач кој се квалификуваше за Олимписките игри во Рио 2016. Видит Мехра од Хинду редакцијата на Би-Би-Си зборуваше со него за неговиот пат од селото погодено од суша до еден од најочекуваните светски спортски спектакли.
Бокали се квалификуваше минатиот месец откако освои сребрен медал на натпревар во машки кајак едносед на Олимписката квалификациска регата за Азија и Океанија во Чонг-ју во Јужна Кореја. Но немаше многу време за славење затоа што тој мораш итно да се врати дома за да ја види неговата болна мајка.
-Откако се вратив од Јужна Кореја, отидов во болница да и го покажам мојот успех на мајка ми, но таа не ме препозна заради нејзината болест, рече тој.
Но Боканал е цврст проблемите во неговото семејство да му застанат на патот за да го оствари својот спортски сон.
-Ќе продолжам упорно да работам да освојам медал за мојата земја во Рио, вели тој.
Тешко детство
Дваесет и четири годишниот Боканал потекнува од регионот Талегаон, во западната држава Махараштра, кој е тешко погоден со суша.
Овој регион преживеа големи суши во изминатите неколку години, а животот на земјоделците таму стана исклучително тежок. И семејството на веслачот е едно од нив.
Тој му помагал на татко му на фармата но и во копањето бунари, што станало многу баран занает во овој регион погоден од суша.
-Моето семејство беше многу сиромашно кога бев во основно училиште, и затоа почнав да му помагам на татко ми, рече тој за Би-Би-Си
Тимот татко-син напорно работеле за да обезбедат живот за петчленото семејство.
Но татко му починал во 2011 година, а тој бил приморан да бара работа надвор од селото. Боканал почнал да работи на бензинска пумпа и заработувал околу 5,000 рупии (75 долари) месечно. Работата на бензинската пумпа го сменило текот на неговиот живот затоа што постојано се сретнувал со млади момчиња кои се обидувале да и се приклучат на индиската армија.
-Тоа ме инспирираше и почнав да сонувам и јас да се приклучам на армијата, рече тој. И неговата желба се остварила веќе следната година кога бил избран за служење во армијата.
„Страв од вода“
Некои од постарите колеги во армијата го советувале да се обиде со веслање заради неговата телесна висина (1,93 м.). „Но никогаш не сакав да станав веслач затоа што се плашев од вода и не знаев дури ни да пливам. Всушност, првпат голема вода видов во животот во касарната во западниот град Пуне“, објасни тој.
Тој се уште живо се сеќава на првиот тренинг.
-Чамецот неколку пати се преврте и спасувачите постојано ме враќаа во него. Си велев дека веслањето не е баш мојот повик, рече тој.
Прогресот бил бавен и по три мачни месеци тренирање, тој научил како да управува со педалите на чамецот.
-Ми требаше една година за да станам веслач, се сеќава тој. Но наскоро почнал да ужива во овој спорт.
-На почетокот бев исплашен, но бавно и постепено почнав да се зближувам со водата и почувствува дека постои поврзаност меѓу нас, а таа беше многу силна, ни рече тој.
На, за него, првиот голем натпревар, тој освоил две златни медали на Државните игри во Индија во 2014 година. Веслачот сега сака да оди натаму и да освои олимписки медал за неговата земја во Рио. А тоа не е единствената негова желба.
-Ако морам да ја кажам една последна желба, тогаш ќе побарам вода за моето село.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.