Францускиот кошаркар од редовите на ЦСКА Москва и моторот на новиот еврпски првак, Нандо де Коло и избран за најкорисен играч на завршниот турнир од Евролигата, кој викендов се одигра во Берлин.
Тој со неговиот тим стигна до европската титула, а прикажа извонредни игри и во полуфиналето против Локомотив Кубан, како и во синоќешното финале против Фенербахче. Францускиот интернационалец само ја заокружи одличната сезона, откако претходно беше избран за најкорисен играч и на регуларниот дел од сезоната.
Де Коло постигна 30 поени против Локомотив Кубан, а синоќа, исто така, беше одличен, со 22 поени, 7 асистенции, 3 украдени топки и 2 скока.
– Луѓето мислат дека затоа што сме ЦСКА лесно доаѓаме до трофеи, но ова финале беше доказ за големината и на другите тимови, но и на нас како колектив. Имаме верба цела сезона, и на почетокот од продолжението бев убеден дека ќе победиме, дека сме најдобар тим во Европа – изјави Де Коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.