| четврток, 6 декември 2018 |

Слика на Фрида Кало продадена за осум милиони долари

Сликата на мексиканската сликарка Фрида Кало „Два акта во шума“ е продадена за рекордни осум милиони долари на аукција на „Кристи” на дела од импресионизмот и современата уметност.

Сликата што се проценуваше дека ќе се продаде меѓу 8 и 12 милиони долари лани беше изложена во Њујоршката ботаничка градина. Ова е највисока сума досега платена за некое дело на Кало.
Претходниот аукциски рекорд за дело на Кало беше 5,6 милиони долари.
Малата слика масло на платно била подарок од сликарката за нејзината пријателка, филмската ѕвезда Долорес дел Рио. Прв пат била понудена на аукција во 1989 година.

На аукцијата беа понудени вкупно 52 дела, меѓу кои и портрет на италијанскиот сликар Амедео Модилјани. Неговата слика „Млада жена со ружа” од 1916 година се продаде за 12,8 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top