Музичкото натпреварување „Твоето лице звучи познато“ се ближи кон крајот. Вчера вечер беше емитувана предпоследната епизода, полуфиналето на шоу програмата со која во изминатите неколку месеци одлично се забавуваме.
За една недела ќе знаеме кој е победникот на третата сезона на популарното натпреварување со хуманитарен карактер.
Во вчерашната, полуфиналан емисија на ТЛЗП победи Каја Остојиќ која ја имитираше Адел.
По гласањето на жирито и публиката одлучено е дека во финалето за победничката титула ќе се борат: Даниел Кајмакоски, Катарина Остојиќ Каја, Ивана Петерс, Никола Роквиќ и Неша Бриџис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.