Овен
Амбициите ви растат. Вашиот ентузијазам ќе биде силно изразен доколку сега почнувате со нов проект. Доколку чувствувате монотонија во работата која долго ја работите, ова не е време да правите промени од корен. Можна е соработка со некој од вашата фамилија како и патување кон крајот на неделата. Не се нервирајте за работи на кои не можете да влијаете. Не ги вложувајте парите и бидете внимателни доколку сакате да купите недвижнини. Ако можете – одложете. Платете ги заостанатите сметки.
Емотивно, ќе имате контакт со личност од вашето минато. Во случај да не реагирате на интересирањето на таа личност, секако за време на викендот ќе имате прилика за ново познанство. Личноста која се интересира за вас е високо репрезентативна.
Бик
Можеби можевте да направите повеќе, но нема причина да бидете незадоволни. Сега сите свои сили ќе ги насочите да го зацврстите тоа што го постигнавте во приватниот живот. Посветете се на партнерот и со него развивајте позначајна интимна приказна. Тоа ќе даде резултат.
Лежерноста не ја префрлајте на работното место. Таму од вас ќе се бара повеќе труд, а особено во дејности каде што треба да покажете креативност пред публика. Ќе се обидувате да се вложувате себеси само толку колку што е потребно, без да бидете свесни дека и на тој начин се доаѓа до успех. Во меѓувреме, не заборавајте да излезете во природа.
Близнаци
Многу предизвици. Најдобро е да се повлечете и не влегувате во вложувања со ризик. Колку и да ве оптеретуваат парите, со моменталните промени нема ништо да решите. Напната ви е комуникацијата со колегите. Посветете се на некои активности кои сте ги запоставиле. Добро би било да контактирате со некои поранешни соработници. Тоа може да се покаже како добар потез до крајот на овој месец.
Кај слободните, едно позанство може да се претвори во нешто поголемо. Можен е и некој контакт од минатото. Ќе се изненадите од вашата реакција. Зафатените, имаат потреба да ги искажат своите чувства.
Рак
Тие што се во врска ќе размислуваат како да го зацврстат односот со личноста што им е блиска. Ќе поработат на уште некои правила и ќе втемелат постабилни критериуми во меѓусебното однесување. Тие што се сами, пак, нема да излегуваат премногу, но тоа нема да им пречи да поминат убави мигови во седмицата што следи.
Во однос на кариерата ви следи период со искушенија, надополнети со значителна доза од стресови, борби и докажувања на работното место. Најдобро е прво да согледате што ви се нуди, поставете ги на вага сите материјали и сознанија и потоа дејствувајте. Нема потреба да се избрзува. Држете се до своите планови, зашто секоја неочекувана промена влијае и на вашето здравје.
Лав
Требаше подобро да се организирате за да ги завршите сите обврски кои се пред вас. Време е нешто да менувате во вашиот пристап. Можеби нешто ќе се искомплицира, доколку соработувате со странци. Бидете мудри. Сепак, нешто почнува да се менува во вашата деловна средина, но засега е тоа на ниво на разговори. Вие добивате на вредност. Поволен период, доколку се занимавате со приватна работа. Имате подршка од некого, можно е ширење на деловните активности.
Во овој период, насочете се на конкретни цели зошто само така ќе го надминете овој напорен период за вас.
Девица
Во следните неколку дена ќе се случува постепено подобрување на состојбите во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат отворени со вас, а и обратно. Многумина ќе ја освежат својата врска, така што ќе излезат на убаво место. Тие што се сами ќе се разбудат од зимски сон и ќе излезат од дома.
Работните задолженија и планови ќе ви се остваруваат полесно, особено зашто тоа што го чекавте од другите, конечно се заврши. Тоа ќе даде појасни насоки кон кои треба да ја насочите работната енергија.
Вага
По периодот во кој бевте пасивни, се појавуваат нови предизвици. Вие ја гледате вашата шанса. Колегите ви префрлаат дека сте невнимателни и арогантни а вие всушност сте замислени. Внимавајте на тие ситуации. Бидте внимателни со финансиските трансакции и не ви се советува да земете поголеми заеми или кредити. Некое планирано патување можете да го одложите. Секако нема да ви биде лошо, затоа што набрзо работите доаѓаат на свое место.
Емотивниот дел во овој период е во осцилации. А вие не сте знак кој присакува толку возбудувања. Преку пријатели или во нивно друштво, ќе запознаете некого кој ќе ви привлече внимание.
Скорпија
Малку по малку личните врски ќе ги ставите во состојба на мала дистанца. Нема да ви боде толку битно да разменувате нежности, туку само толку колку што е потребно за да се остави во знаење дека сте во врска.
За разлика од емоциите, на полето на кариерата ќе гледате што подобро да ја искористите можноста за напредок или за успех. Некои поради тоа ќе бидат подготвени да работат и прекувремено. Ќе има и такви на кои ќе им биде понудена интересна работа поврзана со значаен проект. Секако, пред што било да направите, ќе треба малку да се прилагодите. Но, над сè, не заборавајте прво добро да се наспиете.
Стрелец
Давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак. Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз. Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Секако, финансиите ви се подобруваат.
Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот. Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место. Ако сакате нешто ново, тоа сигурно ќе биде некој кој доста патува или моментално работи на некое усовршување.
Јарец
Секојдневните страсти и емоции ќе бидат белег во вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво, но и динамично. Многумина овој период ќе го запаметат по интензивноста и брзината на случувањата. Не се изненадувајте ако добиете сериозна покана од личност од спротивниот пол.
Во професионалниот ангажман време е да направите селекција од луѓе со кои сте во постојана комуникација. Има многумина со кои трошите драгоцено време за небитни работи и прашања. Потребно е да се ослободите од непотребниот умствен товар. Не заборавајте и по работните обврски да намалите со јадењето и повеќе да се движите.
Водолија
Некој кого го позанате, доаѓа на позиција од која може да ви помогне. Ќе се наоѓате во друштво на луѓе кои се на високи функции или кои се перспективни. Здружување со другите ви е приоритет во овој период. Можете многу да научите од постарите или од поискусните колеги. Не си дозволувате да повторите некоја грешка, затоа што можете да бидете казнети. Исто така внимавајте, на кого што му кажувате. Не ви се сите колеги добронамерни. Постои потенцијал дека до крајот на неделата ќе ги зголемите финансиите. Ова е посебно поволен период за тие кои работат сопствен бизнис или работат со странци.
Емотивните средби се врзани со места каде што вие сакате да излагате. Исто така, на едно деловно патување можеби сосем случајно ќе сретнете некој кој ќе ве заинтересира.
Риби
Пречки и фрустрации се на видик. Тие што се во длабока и стабилна врска, што го познаваат својот партнер, ќе знаат како да го надминат овој не толку пријатен период во односите со партнерот. Тие што допрва почнуваат врска, веројатно, привремено ќе се оддалечат едно од други.
Сепак, на полето на кариерата работите ќе ви изгледаат многу полесни. Сега имате доволно причини да работите без премногу грижи, но напорот нема да изостане. Затоа подобро е плански да се организирате. Духот го води телото, но токму на телото некогаш му е потребен одмор. Внимавајте да не прегорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.