| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги препознате симптомите за менопауза

Менопауза е времето кога доаѓа до последното менструално крвавење, а причината е циклично делување на хормоналните јајници на слузокожната материца ( ендометријум ).

Во нашето географско подрачје, вообичаен период од животот вој настанува Менопауза е помеѓу 48 и 51 година. Многу се ретки оние личности кај кои редовните менструални циклуси траат и до шеесетите години од животот. За жал, поради влијанието на различни фактори во околината, тешки болести, операции, стресни ситуации и влијанието на некои лекови – функцијата на јајникот може да престане и пред 40-тата година од животот. Во овој случај говориме за рана менопуза.

Природно настаната менопауза може да се докаже и ретроспективно, на основ на податоци добиени од жената односно последната година да немало менструален циклус или порано на основ на хормоснки статус ( одредување на хормоните од крвта ).

За време на животниот циклус на жената, два периода карактеризираат значајни промени на хормоните, кои карактеризираат нормален сексуален развој и постигнување на секундарните сексуални карактиреситики кои ја одлукуваат самата жена. Тие се пубертет, кој го означува развојот на половите сфери и припремање на периодот кој следи по 16-тата година од животот, и престаноткот на таканаречениот репродуктивен период односно менопаузата, кога престанува можноста за раѓање и настануваат промени кои водат кон староста.

Менопаузен синдром преставува спој на симптоми и знаци во менопаузата кои се последица на пореметување на рамнотежата на хормоните, а може да трае од неколку месеци па до неколку години.

Перименопауза е период од 3 до 5 години пред менопаузата, во кој доаѓа до промена на односот на обилноста , траење и чести менструални циклуси, појава на препотување и несоници, но периодите на менопауза не траат повеќе од 3 месеци.

По дефиниција овој поим подразбира тоа дека овој временски период е ограничен на година дена од последната редовна менструација. Меѓутоа ако бројните симптоми на менопаузен синдром не престануваат и по една година од последната менструација, се поставува прашањето дали симптомите се оправдани и издржани.

Климактериум е термин кој се однесува на инволуентниот период кој опфаќа 5 години пред и по менопаузата, а го означува времето во кое долготраен недостаток на женскиот хормон естрагон, води до антрофија на кожата, намалена цврстина на коските -остеопороза, како и склоност кон болести на срцето и мозокот, што секако е можно да доведе до инфаркт на овие органи. Во врска со горе наведеното, климактериумот трае 5-10 години, а го опфаќа периодот на перименопаузата, менопаузата, и постменопаузниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top