Луѓето се наклонети да консумираат повеќе масна и слатка храна од досада, покажало истражувањето што го спровеле истражувачите од британскиот универзитет Central Lancashire (UCLan) чии резултати се објавени во американското списание Science Daily.
Научниците го спровеле експериментот во две етапи. Во првата, од 52 доброволци било побарано да извршуваат здодевна и монотона задача, постојано да препишуваат иста комбинација од букви. Покрај тоа, тие требало да одговорат на анкета за нивниот начин на исхрана пред и по извршувањето на задачата.
Со вториот дел од експериментот, пак, биле опфатени 45 испитаници, на коишто им биле емитувани неколку здодевни и неколку смешни видеа. На овие испитаници им било ставено на избор штетни и хранливи закуски.
Резултатите од првиот дел од истражувањето покажало дека по извршувањето на здодевната работа, испитаниците преферирале нездрава храна, како чипс или брза храна. Во вториот дел од експериментот, научниците забележале дека испитаниците кои гледале здодевни видеа, се определувале за штетна храна.
Авторката на истражувањето Санди Ман тврди дека со посегањето по масна и слатка храна телото се обидува да го зголеми нивото на допамин, кој ја стимулира активноста на мозокот, односно го „забавува“.
„Луѓето, кои развиваат програми за здрава храна треба да ја земат предвид здодевноста, на којашто луѓето се особено ранливи на работните места. Инаку кажано, луѓето коишто се досадуваат сигурно нема да јадат само ореви, заклучува Ман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.