Српскиот премиер Дачиќ во обраќањето во парламентот пред гласањето за бриселскиот договор, рече дека сега најголема опасност е тоа што во Србија нема деца. Во однос на паднатиот наталитет во земјата, оцени:
-Територија без народ е голем проблем, затоа мора да го зачуваме народот.
Во неколку реченици Дачиќ најави дека планира следната година да ја прогласи за година за семејството.
-Во спротивно, Србија ќе остане без популација, додаде српскиот премиер.
За статистичките податоци весникот „Новости“ пишува дека стапката на намерно прекинатата бременост во србија е двојна од бројот на родени деца. „За 6 години само на дрќавните клиники во Србија абортирале 115 илјади жени“, пренесува „Новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.