| четврток, 6 декември 2018 |

Од Победа до Серија А: Постојано ни бараа пари, а Илија секаде беше еден од најдобрите

Илија Несторовски одигра неверојатна сезона во Хрватска, постигна 25 голови за Интер Запрешиќ и заврши како прв стрелец во лигата. Одличните партии не останаа незабележани, потпиша за Палермо и од следната сезона ќе игра во Серија А.
ilija nestorovski
Но, работите за Несторовски не се одвиваа „подмачкано“ од самиот почеток. Патот до славата за него беше тежок, дури бил и на работ на откажување.
Несторовски кариерата ја почна во Победа, а потоа направи трансфер во Словачко од каде беше позајмуван во Викторија Жижков и Металуг, но во тие клубови никогаш не успеа да го покаже својот потенцијал.
Кога заминал на проба во Интер Запрешиќ, Несторовски рекол „Ако тука не успеам, ќе го оставам фудбалот. Друго нема“.
ilija nestorovski
Луѓето во Интер виделе нешто во него, задоволил на пробата, и потоа со своите погодоци го однесе клубот во Првата лига, а оваа сезона е најдобар фудбалер на својот клуб и ужива во славата.
„Речиси секогаш и секаде ни бараа некои пари. А тоа го прогонуваше Илија. Само го сакаше она што го заслужи. Беше меѓу најдобрите таму, каде и да го ставеа, но тие проклети пари цело време не окружуваа“ – открил во солзи неговиот татко за хрватските медиуми.
ilija nestorovski
Несторовски синоќа го одигра последниот натпревар за Интер Запрешиќ и со хет-трик се прости од хрватскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top