Денеска е Денот на рибарите во Охрид, ден кога се одбележува почетокот на ловната сезона. И овој пат е предвидена богата културно-забавна програма, со староградска музика, греано вино, топла ракија, пржени плашици и три буриња вино за највештите пливачи кои ќе влезат во езерото.
Атракција годинава ќе биде обидот на Охрид за влез во Гинисовата книга на рекорди, со приготвени 3,3 тона рибна чорба. Чорбата ја подготвуваат професори и ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, а потребните намирници ги обезбеди фирмата „Дасс инженеринг“.
За подготовка на чорбата за Гинис ќе бидат употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол.
Во Охрид веќе најавуваат дека за иднината година ќе се оди на недостижен рекорд од пет тони чорба.
Прославувањето на Богојавление – Водици и фрлањето на крстот во езерото во Охрид има долгогодишна традиција, последните десетина години популаризирана преку Здружението на граѓани за афирмација на МПЦ „Богојавление“ кое преку редица активности се обидува манифестацијата на фрлањето на крстот и Денот на рибарите да ја претвори во најмасовна во православниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


