| четврток, 6 декември 2018 |

Датали за чедоморството на Табановце: Апсолвентката Тамара ќе се брани од слобода

Апсолвентката од Скопје, која го роди своето бебе на Табановце, а потоа го фрли во корпа за отпадоци, ќе се брани од слобода, пишува Дневник. Судија на претходна постапка не ѝ одредил притвор на девојката 23-годишната Тамара И. од Економскиот факултет во Скопје, бидејќи сметал дека се исполнети условите таа да се брани од слобода за делото за кое се товари.

wc devojka gaki

Не е познато зошто девојката криела дека е бремена и зошто од никого не побарала помош. Инаку, случајот е од крајот на март годинава кога во јавноста излезе информација дека во тоалетот на преминот Табановце една од хигиеничарките пронашла мртво новороденче. Сепак, од тогаш никој, ни МВР ни Обвинителството, с` до завчера не соопшти детали. Веројатно тоа било сторено поради чувствителноста на целиот случај, но и додека не завршат сите вештачења. Тогаш дури се јавија шпекулации дека новороденчето можеби е на некоја од бегалките што транзитираат низ земјава. Сепак, МВР завчера соопшти дека за случајот е обвинета апсолвентката на Економскиот факултет при УKИМ во Скопје, која, иако во поодмината бременост, одлучила на 29 март да замине на апсолвентска екскурзија за Прага.

Според Кривичниот законик, ако се докаже дека е виновна, студентката може да добие од три месци како најниска казна, до три години затвор, за убиство при раѓање дете.

Настанот се случил на 29 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top