| четврток, 6 декември 2018 |

Му се може: Претседателот на Таџикистан воведува празник во своја чест

Претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон потпиша денеска закон со кој се воведува празник во чест на неговото автократско владеење. Потегот ги зголеми стравувањата од величење на култ на личноста во таа централноазиска држава.

Амандмани на Законот за празници минатиот месец беа усвоени без ниту еден глас против, во парламентот полн со лојалисти на Рахмон, кои се согласија 16 ноември да биде прогласен за празник што ќе се одбележува како Ден на претседателот.

– Законот е прифатен „земајќи предвид големо политичко искуство и огромен придонес“ кој Рахмон го даде за мирот и националното единство во Таџикистан, се вели во денешното соопштение од прес лужбата на Кабинетот.

Датумот е избран бидеќи Рахмон на 16 ноември 1992 година беше избран за претседател на парламентот. За претседател на државата е избран во 1944 година и со најавениот референдум на 22 мај веројатно ќе има измени во Уставот со кои тој ќе може неограничен број пати да се кандидира за претседателска функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top