| четврток, 6 декември 2018 |

Почина сликарот Стеван Поповски

Во Варшава денеска почина најпознатиот македонски сликар – наивец Стеван Поповски (1933, Скопје), соопшти неговото семејство.

Делата на сликарот Поповски ги красат светските галерии на наивата од Њујорк до Токио.

Сликарскиот занает Поповски го усовршуваше на париски Монмарт, а последните години живееше и твореше на релација Варшава-Скопје.

Во екот на осамостојувањето на Македонија беше неформален амбасадор на нашата земја во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top