| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки, бегајте од Турци, бркајте Словенци!

idealen maz

Резултатите од истражувањето на Светската организација за економска соработка и развој покажуваат дека Словенците дневно 114 минути вршат домашни работи. Најмалку време на домашна работа трошат Индијците – сѐ на сѐ 19 минути.

Главна причина за тоа, сметаат антрополозите, се огромните културните разлики, но збунува што ни некои Европејци, први комшии на Словенците, не се нешто многу работливи по дома. Италијанците поминуваат неполн час во бришење прашина, пазарење, фрлање ѓубре, местење кревет. Унгарките се нешто малку посреќни од Италијанките, а Турците ги одменуваат Турчинките цела 21 минута.

Ако не ви фати око некој Словенец, можете да ги насочите стрелите кон Данците, Естонците или Французите. Ако се одлучите за овие последниве, ќе имате време за себе цели 98 минути.

Социолозите велат дека поделбата на работите во домот е директно поврзана со економската моќ – со разликата во платите меѓу мажите и жените. Токму од тие причини во општествата во кои е поголема, послабо платените жени ги преземаат обврските во домот.  Таа разлика е најмала во скандинавските земји, а претпоставувате, Македонија воопшто и ја нема на листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top