| четврток, 6 декември 2018 |

Пиштолот со кој американски полицаец уби тинејџер поскап од слика на Пикасо

Онлајн лицитацијата за купување на пиштолот со кој полицаецот Џорџ Цимерман го уби црномурестиот тинејџер Тревон Мартин достигна утринава вредност од 25 милиони долари, иако не е спроведена контрола на учесниците на аукцијата.
george-zimmerman-gun-sale

Интернет страницата на “United Gun Group” синоќа ја превзеде аукциската продажба на пиштолот откако најпопуларниот сајт за продажба на оружја соопшти дека „не сака да има ништо со продажбата на овој пиштол“, пренесува “AP”.

Неколку часа подоцна “United Gun Group” го стави пиштолот на продажба со изјавата на неговиот сопственик, полицаецот Џорџ Цимерман. Инаку, оваа веб страна себеси се нарекува „општествен пазар на заедницата на љубители на огнено оружје“.

akucija-policaec-ubistvo-tinejdzer-tocka-2016-01

Цимерман изјавил дека пиштолот му бил вратен од страна на Министерството за правда на САД кое го превзело после ослободителнта пресуда за убиството на Тревон Мартин во 2012-та година. Неговото сослушување било завршено со зборовите „Ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Почетната цена на пиштолот изнесувала 5 илјади долари, а веќе утринава таа се искачила на вртоглави 25 милиони долари колку што понудил купувач кој себеси се претставил како „расистички пукач во глава“.

Цимерман кој сега има 32 години се бранеше со тврдењето дека пукал во самоодбрана откако бил нападнат од 17-годишниот Тревон Мартин во близина на Орландо. Сепак, тинејџерот кој живеел со својата мајка во Мајами, а во Орландо бил да го посети својот татко, не бил вооружен.

akucija-policaec-ubistvo-tinejdzer-tocka-2016-02

Целиот случај околу убиството на Мартин предизвика масовни протести и национална дебата за расните односи во Соединетите Американски Држави.

Инаку, откако Цимерман бил ослободен од обвиненијата за убиство, следувале две тужби за напад кои ги поднеле две негови другарки. Двете девојки подоцна, без објаснување ги повлекле тужбите. Потоа следувала пријава од неговата, сега поранешна сопруга за насилство врз неа, односно таа тврдела дека Цимерман ѝ го искршил компјутерот. И таа тужба била повлечена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top